Скопско Пиво (лименка) 500мл (Изладено)

47,00 ден

Светло пиво • Состојки: вода, јачменов слад, несладувани житарки, хмељ • Пастеризирано • Нето-количина: 0.5L • Упоребливо до: означено на пакувањето • Да се чува на темно и ладно место, заштитено од замрзнување и директна сончева светлина • Произведува и полни: Пивара Скопје АД, ул 808 бр.12, 1000 Скопје, Република Македонија

Нема на залиха

Категорија:
Шифра: ZMA32888

Опис

Комбинација од најквалитетни состојки, многу љубов и повеќе од 90 години традиција… Тоа е СКОПСКО! Еден од најсилните македонски брендови, дефинитивно наjсилен пивски бренд во земјава. СКОПСКО е синоним за квалитет, постојаност, традиција, доверба и уникатност.

Кога сакаш пиво, всушност мислиш на СКОПСКО. Така е речиси девет децении. СКОПСКО со златно-жолта боја и цврста бела пена за потрошувачите прерасна во вистински синоним за пиво. И тоа не е случајно. Тоа е резултат на макотрпна работа на генерации вработени во Пивара Скопје и нивната упорност во градењето на брендот кој го носи епитетот „Најдоброто пиво во Македонија“.

Но, СКОПСКО не е само традиција. За да се одржи највисоката позиција на пазарот, неопходно е задржување на највисокото ниво на квалитет, следење во чекор на предизвиците на модерното време и на барањата на новите генерации потрошувачи, како и креирање на нови потреби, но истовремено и одржување на стекнатата доверба кај оние кои со децении се навикнати на уникатниот вкус, свежина и задоволство што го нуди СКОПСКО.

Според независни истражувања, речиси и да нема македонски граѓанин што не слушнал или не знае што претставува СКОПСКО! Речиси и да не постои полнолетен граѓанин што не го пробал СКОПСКО! Во Македонија – кога сакаш пиво, всушност мислиш на СКОПСКО.

Нутритивни вредности

Не се доставни нутритивни вредности за овој продукт.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Скопско Пиво (лименка) 500мл (Изладено)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *