Тиквеш Александрија Куве Црвено вино 750мл

399 ден

Tikves Alexandria Cuvee Црвено суво вино

Има на залиха

Категорија: , , ,
Шифра: ZMA13279

Опис

СОРТА: Мерло, вранец и каберне совињон

КАРАКТЕРИСТИКИ: Квалитетно црвено вино, купажа (cuvée) од сортите вранец, мерло и каберне совињон со интензивна рубин-црвена боја. Се одликува со комплексни ароми на црвено и црно овошје – цреши, сливи, малини и црна рибизла, и ноти на сушен тутун, чад, црн пипер и цимет, вткаени во полното и заокружено тело, со силен зачински финиш.

ТЕМПЕРАТУРА НА СЛУЖЕЊЕ 14°C 16°C
КОМБИНАЦИЈА СО ХРАНА: Телешко месо на скара, Свинско месо на скара, Чедар, Пармезан

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ…
Говедско Строганоф (за 6 лица)
Потребни состојки:

1кг говедско месо
500г шампињони
250г кисели краставички
400мл кисела павлака
2 главици кромид
2дл масло
2дл бело вино
1 лажичка сенф
Сол
Бибер (свежо мелен)
Магдонос
Начин на приготвување:

Исечете ги говедското месо и киселите краставички на тенки ленти.
Пропржете го кромидот додека не добие златна боја и потоа додајте го исечканото месо и пржете го 15 минути.
Додајте ги шампињоните, промешајте и додајте ги киселите краставички и сенфот.
По 5 минути, додајте сол, бибер и кисела павлака.
На крај додајте го белото вино. Потребни се 30 минути за подготовка на ова јадење.
Послужете ориз како прилог.

Нутритивни вредности

Не се доставни нутритивни вредности за овој продукт.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Тиквеш Александрија Куве Црвено вино 750мл”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *