Виталиа Go Nutri Овесни снегулки 500гр

500 g
49,00 ден

Vitalia Go Nutri овесни снегулки

Има на залиха

Категорија: ,
Шифра: INT12987

Опис

Овесните снегулки претставуваат одлично избалансирана, нетретирана и природна храна. Произведени се од целото зрно и во себе ги имаат задржано хранливите вредности: протеини, витамини, јагленородни хидрати и минерали.Не содржат холестерол. Изобилуваат со растителни влакна. Погодно за дијабетичари.

РЕЦЕПТИ

ОВЕС

Овесот е житарица со извонредни карактеристики. Богат е со протеини, витамини (од групата Б, витамин К, Е, Д и провитаминот А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган, натриум, магнезиум, сулфур, јод, флуор и бор) и есенцијални амино киселини кои го поттикнуваат создавањето на црвените крвни зрнца. Овесот содржи хормон за растење поради што се препорачува да го конзумираат и децата. Покажува одлични резултати и во лечењето на шеќерната болест (има слично дејство на инсулинот) поради што е одлична храна за луѓе оболени од дијабетис.

За овесот може да се каже дека е зрно на здравјето. Со негово редовно користење во исхраната се подобрува расположението, се зголемува будноста и работната способност. За ова дејство, според зборовите на стручњакот за овес д-р Вандел Гансман и автор на книгата “Овесот – елемент на современата исхрана”, се заслужни супстанциите од типот “амини за будност”. Овие супстанции, кои настануваат од белковините на овесот, во телото на човекот влијаат врз ослободување на допаминот, еден проадреналин и на серотонинот, “хормон на среќата”. Благодарение на тие процеси, овесните снегулки не само што ја подобруваат концентрацијата и работната способност, туку влијаат и врз расположението, секако, во позитивна смисла.
Овесните снегулки, ркулци и овесното брашно, се докажани и ефикасни средства за намалување на мастите во крвта. Врз тоа пред се влијаат растворливите баластни материи, кои во овесот ги има пет пати повеќе одколку во другите видови жита. Овие материи ја врзуваат жолчната киселина која настанува од холестеролот и го намалуваат создавањето на сопствениот холестерол.

Овесните снегулки се еден од производите најбогати со витамин Б1 (тиамин) и веќе со 100 грама снегулки се задоволуваат 40% од дневните потреби од овој витамин, неопходен за правилно функционирање на нервите и мускулите. Врз основа на овие својства на овесот следува и препораката на д-р Гансман дека е најдобро секое утро да се изеде чинија овесни снегулки со што ќе добиете исклучително хранлив, здрав и лековит оброк.

ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ (за едно лице)

Потребно: 4 супени лажици овесни снегулки, 250мл. млеко (топло или ладно), а може и јогурт, кисело млеко, овошен сок или чај.
Подготвување: се потопуваат снегулките во млекото, јогуртот или друга течност по желба и се оставаат да одстојат 10-15 мин. Доколку сакате да го збогатите оброкот може да додадете една супена лажица пченични никулци, суво или свежо овошје, мед, Малтекс (јачменов слад), чоколадо, џем и др. Оброкот е готов!

ОВЕСНА КАША ЗА ДЕЦА

Потребно: 2 големи лажици овесни снегулки, 250 мл. млеко, додатоци по желба.

Подготвување: снегулките се мелат во миксер, се додаваат во лончето со млеко и варат на тивко (со постојано мешање) додека зоврие млекото. Се трга од оганот, се прелива смесата во тањирче и може да се збогати со бисквити, банана, печена тиква, мед, малтекс, чоколадо или друго.
Со редовно конзумирање на оваа кашичка се постигнува редовна столица кај детето.Салата со овесни снегулки Потребно: 1 канче кисело млеко (кравјо или овчо по вкус), 1 шоља овесни снегулки, малку маслиново масло, сусамова сол – Гомасио, малку сусам, 1 чешне лук.

Сите состојки се мешаат за да се добие хомогена смеса. Вака подготвената салата се чува во фрижидер и се послужува како замена за француска салата.

ВАРИВО ОД ИНТЕГРАЛЕН ОВЕС

Потребно: 1 шоља интегрален овес, 5-6 шољи вода и на врв на ножот сол.

Подготвување: овесот се мие и се става во лонец. Се додава водата и солта, потоа се покрива со капак и се остава да проврие. Се намалува температурата и се остава да крчка на тивок оган неколку часови, додека водата не извари. Ако сакате да го скратите времетраењето на варењето, употребете експрес лонец. За да го збогатите оброкот во варивото може да додадете и зеленчук по желба.

КОЛАЧИЊА ОД ОВЕС

Потребно: 2 шољи овесни снегулки, 1 шоља вода, 1 шоља млеко, 2 лажици конзервирано млеко, 1 лажица млеко во прав, 1/4 кафено лажиче пециво, 2 белки од јајце.

Подготвување: помешајте ги заедно овесот, млекото и пецивото. Изматете ги белките и додајте ги на смесата. Печете на тефлон тавче, ставајќи по една лажица тесто се додека колачињата не добијат кафена боја од двете страни. Се служат со сезонско овошје.

МИРИЗЛИВ ОВОШЕН КОЛАЧ СО ОВЕС

Потребно: 1 шоља овесни снегулки, 1/4 шоља суво грозје, 6 суви кајсии, 4 суви смокви, 4 урми, 4 половинки суви круши, 1/2 шоља мешано јаткасто овошје (орев, бадем, лешник), 3 лажици кокосово брашно, 1 банана, 1 лимон, 1 портокал.Подготвување: се става овошјето, јатките од бадем,орев, лешник и кокосовото брашно во машина и се меле крупно. Се миксира бананата со ванила и со половина лажиче рендана кора од лимон и портокал. Се цеди сокот од лимонот и портокалот. Се меша меленото овошје со бананата и се додаваат овесните снегулки. Се меша, се додава ванила, цимет, морско оревче и сокот, додека не се добие цврста леплива маса. Се прави ролат, се оладува и се служи сечен на тенки парчиња.

ПАЛАЧИНКИ ОД ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ

Потребно: 1 шоља овесни снегулки, 1/4 шоља интегрално брашно, млеко од соја, малку морска сол.Подготвување: снегулките се попаруваат со врело млеко. Се оставаат извесно време да набабрат. Се додаваат брашното и солта, па се прави изедначена смеса за палачинки. Тавата со малку газа натопена во масло се премачкува, па се печат палачинките. Се филуваат по избор.

НАПИТОК ОД ОВЕС СО БАНАНА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ

Потребно: 1/2 л. вода, 150 гр. овес, 1 лажичка Малтекс, 4 лажички јогурт, сок од лимон, 1 банана.Подготвување: се става овесот во водата и се вари на тивко 30-40 минути. Се процедува водата и се лади. Во миксер се миксира бананата додека не стане кашеста. Потоа се меша со водата од сварениот овес и со останатите продукти. Се служи ладно или на собна температура по желба.

ОВЕСОТ КАКО ЛЕКОВИТО СРЕДСТВО

Овесот освен во исхраната може да се употребува и како лековито средство против болести на бубрегот, мочниот меур, мочните канали, желудникот, цревата, жолчните патишта (цироза, хепатитис), за чистење на крвта, против шеќерна болест, леукемија, гангрена, разни воспаленија, болести на слезината, панкреасот, матката.ЛЕКОВИТ ЧАЈ ОД ОВЕС Подготвуивање: на тивок оган се вари 200гр. овес со 1л. вода 20 мин. Чајот стои цел ден непроцеден и се пие по желба наместо вода. Се препорачува секое утро да се подготвува свеж чај. Овој чај може да се пие неограничено време без последици, за горенаведените заболувања.

ОВЕСОТ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КРВТА

Подготвување: се вари еден дел овес со три дела вода, додека целосно не се свари. Потоа се цеди и се додава лимонов сок и мед. Се пие три пати на ден по една шоља.

Халал сертифициран производ

Дополнителни информации

Тежина 500 g

Нутритивни вредности

Не се доставни нутритивни вредности за овој продукт.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Виталиа Go Nutri Овесни снегулки 500гр”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *