Виталиа Ѓумбир во прав 100гр

100 g
135,00 ден

Има на залиха

Категорија: ,
Шифра: ZMA14359

Опис

Ѓумбирот претставува ароматичен зачин и природен лек против широк спектар на заболувања. Доколку сакате преку храната да го згреете телото и да ја подобрите циркулацијата препорачливо е да го пробате ѓумбирот и тоа консумирајќи напиток или грицкајќи коцки од ѓумбир.

Гингеролот присутен во ѓумбирот ја подобрува циркулација и го поттикнува согорувањето на мастите и калориите, со тенденција да Ве згрее и да Ве ослободи од вишокот килограми.

Истотака се користи како лек против главоболки, настинки и болки во желудник. Ја подобрува менталната будност, перцепцијата, помнењето, има антикоагулантно дејство и го олеснува дишењето и искашлувањето.

Ѓумбирот се конзумира како чај за загревање или како вкусен зачин во варива и супи. Чајот од ѓумбир се подготвува мошне едноставно: ½ кафено лажиче ѓумбир во прав се прелева со 150 мл врела вода, се остава да стои 15 минути, се процедува и пие голтка по голтка 2- 3 пати во денот.

Дополнителни информации

Тежина 100 g

Нутритивни вредности

Не се доставни нутритивни вредности за овој продукт.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Виталиа Ѓумбир во прав 100гр”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *