Виталиа Корн флекс 250гр

250 g
79,00 ден

Vitalia Corn Flakes.

Нема на залиха

Категорија: ,
Шифра: INT02715

Опис

Корнфлексот е многу здрав и хранлив производ добиен од пченка. Богат е со скроб, протеини, минерали. Како добар лаксатив ја подобрува работата на цревата. Состав: пченка, шеќер, сол, јачменов слад, лецитин.

ПЧЕНКА

Пченката, после пченицата, е најраспространета житарица, богата со јагленихидрати односно скроб, белковини, минерали и др. Таа е добар лаксатив и ја подобрува работата на цревата. Има способност да го поттикнува естрогенот, има антивирусно и антиканцерогено дејство. Качамакот направен од пченкарен гриз е многу вкусно јадење кое помага кај бубрежните заболувања и отекување на нозете. Го намалува лачењето на штитната жлезда, помага при заболување на крвните садови, висок крвен притисок, болести на срцевиот мускул и уринарните патишта, кашлица, артериосклероза, крварење, воспаленија, болки во ‘рбетот.

Од пченкарните никулци се добива едно од најквалитетните растителни масла кое содржи назаситената масна линоленска киселина, фитохормони, фитостерин и витамин Е.

СНЕГУЛКИ ОД ПЧЕНКА – КОРНФЛЕКС

Потребно: 4 лажици корнфлекс, 250-300мл. топло млеко, чај.

Подготвување: се потопуваат снегулките во млекото и оставаат да одстојат 10-15 мин. Доколку сакате да го збогатите оброкот може да додадете една супена лажица пченични никулци, суво или свежо овошје, мед, малтекс (јачменов слад), чоколадо, џем и др. Оброкот е готов!

ЧОРБА ОД ПЧЕНКА

Потребно: 4 класа свежа пченка, 1 исецкано стебло целер, 2 исецкани главици кромид, 5-6 шољи изворска вода, 1/4 лажичка морска сол, тамари соја сос или био-зачин по вкус.

Подготвување: во лонец се ставаат целерот, кромидот и исчистените пченкарни зрна. Се додава вода и на врвот на ножот сол. Се остава да проврие, се намалува температурата, се става поклопец и се остава да крчка се додека целерот и пченката не омекнат. Се додава остатокот од солта и ако сакате тамари соја сос по вкус. Се служи со исецкан магдонос и нори алга (доколку употребувате алги).

ПЧЕНКАТА КАКО ЛЕК ЧАЈ ЗА СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА И ПОДОБРО МОКРЕЊЕ

6гр. пченка се вари со 1 шоља вода. Се пијат по 2-4 шољи од овој чај дневно. Вкусот може да го подобрите со лимон.

Доколку сакате да направите поголема количина, се вари 25гр. пченка на 1 литар вода.

Халал сертифициран производ
Производот е погоден за вегани
Нутритивни вредности 100 g/г
Енергетска вредност 1663kJ
392kcal
Масти 2.5g
од кои заситени 0.9g
Јаглехидрати 86.0g
од кои шеќери 27.0g
Влакна 1.4g
Протеини 6.0g
Сол 1.51g

Дополнителни информации

Тежина 250 g
Suppliers za lot expiry

Нутритивни вредности

Не се доставни нутритивни вредности за овој продукт.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Виталиа Корн флекс 250гр”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *