Виталиа Мусковадо Темно кафеав шеќер 500гр

500 g
115 ден

Нерафиниран темно кафеав шеќер од шеќерна трска

Има на залиха

Категорија:
Шифра: ZMA13696

Опис

Кафеавиот шеќер Dark Muscovado на Виталиа потекнува од Јужна Африка, од островот Маурициус каде тропската клима и незагадената почва овозможуваат да се произведе најквалитетен нерафиниран шеќер во светот. ВИТАЛИА кафеавиот шеќер е произведен на едноставен начин, со цел да се задржи, а не да се одстрани, природната меласа на шеќерната трска.

Квалитетот на шеќерот се согледува преку концентрацијата на природна меласа во него. Токму во меласата се содржани сите хранливи состојки на шеќерната трска. Според тоа, колку што е шеќерот потемен (со потемна кафеава боја) толку неговата содржина на витамини и минерали е поголема. Тоа значи дека во белиот шеќер нема воопшто меласа, односно целосно се одстранети хранливите состојки важни за здрав организам. Со други зборови конзумирајќи бел шеќер внесувате само калории и ништо повеќе. Затоа секогаш кога имате потреба од засладување помислете на сопствениот избор. Наместо бел шеќер употребете кафеав нерафиниран шеќер од палетата на Виталиа со што ќе добиете не само вкусен туку и здрав оброк.

DARK MUSCOVADO е темен кафеав шеќер со темна медова боја и одличен вкус. Тој им дава дополнителна арома на напитоците, колачите, тортите. Слатките топчиња подготвени со кафеав MUSCOVADO шеќер имаат неповторлив вкус кој ќе ги воодушеви и најголемите гурмани. Прифаќањето на здравиот начин на исхрана е можно. Целосното уживање во таа промена зависи само од Вас.

Бидете убедени дека со заменувањето на белиот шеќер со кафеав не само што им нудите поздрава исхрана на своите најблиски туку и можност да се запознаат со нов вкус и арома својствени само за нерафинираниот шеќер.

Неколку вкусни рецепти со ВИТАЛИА КАФЕАВ НЕРАФИНИРАН ШЕЌЕР
Тајната на вкусното јадење лежи во квалитетот на состојките кои се користат во текот на подготовката. Шеќерот е една од најчесто применуваните состојки во јадењата, било да се тоа слатки или солени.

Но дали белиот шеќер е најздравиот избор? Се разбира дека не. Ако сакате да користите состојка која ќе го заслади јадењето или напитоците, а истовремено ќе им даде повеќе арома и вкус тогаш изберете го нерафинираниот кафеав шеќер од шеќерната трска. И не само тоа. Тој дополнително ќе ја збогати нутритивната вредност на јадењето, а Вие ќе бидете поздрави и полни со енергија.

ПАЛАЧИНКА ТОРТА со темен кафеав шеќер Dark Muscovado
Потребно: 5 јајца, 2 ванила ќесички, 5 лажици брашно, 1/2л. млеко, 150гр. Темен кафеав шеќер Виталиа Dark Muscovado, 150гр. Мелени ореви или бадеми. Се двои жолчката од јајцата и се меша со брашното и 1 ванила. Постепено му се додава млекото за да се добие густа смеса за палачинки. Посебно се матат белките за да се добие цврст снег. Во загреано подмачкано тавче се истура од смесата колку за една палачинка и се премачкува со 2 лажици од матените белки. Се пржи на тивко само од едната страна и се вади во плехче за торта. Додека е топла, палачинката се посипува со 1 лажица темен кафеав шеќер Dark Muscovado, 4 лажици мелени ореви и ванилата. На овој начин се редат до 7 палачинки со фил меѓу нив. Најгоре се премачкува со белката и се посипуваат мелени ореви и крцкав Demerara кафеав шеќер во кристали за декорација.

МИЛК ШЕИК од соино млеко и кафеав шеќер
Потребно: 2 лажици соино млеко во прав SoVita на Виталиа, 250мл. вода, 2 лажички светло кафеав шеќер Light Muscovado. Сите состојки се ставаат во висока чаша и се мешаат со миксер блендер. По желба можете да додадете пасирана банана или друго овошје. Ќе бидете пријатно изненадени од прекрасниот вкус и арома на напитокот.

*Дневните потреби се базирани на 2000 калории на ден. Вашата дневна вредност може да биде поголема или помала во зависност од Вашите дневни потреби.

Халал сертифициран производ
Нутритивни вредности 100 g/г
Енергетска вредност 1456kJ
347.8kcal
Масти 0.09g
од кои заситени 0g
Јаглехидрати 94.9g
од кои шеќери 94.9g
Протеини 0.58g
Сол 0g

Дополнителни информации

Тежина 500 g

Нутритивни вредности

Не се доставни нутритивни вредности за овој продукт.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Виталиа Мусковадо Темно кафеав шеќер 500гр”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *