Виталиа Соини топчиња 200гр

200 g
45 ден

Vitalia Soya Vita Топчиња од соја

Нема на залиха

Категорија:
Шифра: ZMA14360

Опис

Најдобар природен извор на билни протеини

Најдобар природен извор на билни протеини. Изобилуваат со витамини, минерали, изофлавоноиди и лецитин кои го регулираат холестеролот во крвта и дејствуваат превентивно против канцер. Состав: 100% генетски немодифицирана соја (без ГМО).

РЕЦЕПТИ

БОРАНИЈА СО СОИНИ ТОПЧИЊА

Потребно: 50гр. соини топчиња, 250гр. очистена и исечена боранија, 1 свежа пиперка, една лажичка црвен пипер, 1 свеж домат, една лажичка кечап, 2 чешниња ситно исецкан лук, ладно цедено сончогледово масло, 1 главица кромид.

Подготвување: соините топчиња се ставаат во 1/2 л. зовриена вода и се варат 10-15 мин. за да омекнат. Во тавче со масло се динствува кромидот, се додава боранијата, пиперката, доматот, лукот и процедените соини топчиња. Се посолува, се додава малку вода и се динста уште 1 час. По потреба се додава вода.

ГУЛАШ СО СОИНИ ТОПЧИЊА

Потребно: 100гр. соини топчиња, 2 главици ситно исецкан магдонос, прстофат кафеав шеќер, 1 шољичка бело вино, 3 ливчиња сушен вргањ, 1 лажичка кечап, малку рузмарин, бибер, црвена пиперка, 1 изрендан морков.

Подготвување: во 1л. врела вода се ставаат соините топчиња и се варат 10-15 мин. за да омекнат. Во тавче со масло се динста кромидот и се става по потреба малку вода. Потоа се додава морковот, исцедените соини топчиња, доматот, биберот, црвениот пипер и се вари постепено уште 40 минути, повремено додавајќи малку вода (како за секој гулаш). Сушените вргањи и рузмаринот се ставаат во електрична мелница за кафе и се мелат. На крајот кога сојата потполно ќе омекне, се додава кафеав шеќер, сомелените печурки и рузмаринот, се досолува по потреба и се прелива со вино. Крчка уште 5 мин. па се посипува со магдонос и се служи топло.

Соините топчиња може да се употребуваат во супи, чорби и манџи, како замена за месо или во комбинација со истото. Пред употреба соините топчиња треба да се потопат во врела вода да одстојат 30 минути и потоа да се процедат.

Халал сертифициран производ

Дополнителни информации

Тежина 200 g

Нутритивни вредности

Не се доставни нутритивни вредности за овој продукт.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Виталиа Соини топчиња 200гр”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *