Виталиа Соја Вита соини трошки 500гр

500 g
75,00 ден

Vitalia Soya Vita Трошки од соја

Нема на залиха

Категорија:
Шифра: 31101777

Опис

Најдобар природен извор на билни протеини.

Најдобар природен извор на билни протеини. Изобилуваат со витамини, минерали, изофлавоноиди и лецитин
кои го регулираат холестеролот во крвта и дејствуваат превентивно против канцер. Состав: 100% генетски немодифицирана соја (без ГМО).

РЕЦЕПТИ

РЕЦЕПТИ СО СОИНИ ТРОШКИ

Соините трошки се потопуваат во врела вода и оставаат да набабрат 5 минути. После тоа се процедуваат и употребуваат во сите јадења со мелено месо и тоа како негова замена или додаток (ќофтиња, ќебапчиња, плескавици, мусака, сарма и др.).

ПИПЕРКИ ( ИЛИ САРМА) ПОЛНЕТИ СО СОИНИ ТРОШКИ

Потребно: 2-3 пиперки (тиквички или модар патлиџан), а за сарма 2-3 листа кисела зелка (лозов лист или лист од зелје), 100гр. соини трошки, 1 главица кромид, 3 супени лажици ориз, морска сол, бибер, 1/2 лажица црвен пипер, 1 изрендан морков, лист од целер, магданос, ладно цедено сончогледово масло, домат.

Подготвување: на маслото, со додавање многу малку вода, се динста исецканиот кромид. Кога тоа ќе биде готово се трга од оган и се додаваат обарените соини трошки, оризот (доколку користите интегрален ориз претходно ќе го сварите), изренданиот морков и зачини по вкус (оригано, вегета, бибер и др.). Сето тоа се става на оган да се динста уште 15 мин. Со оваа смеса се полнат пиперките или се виткаат сармите. Пиперките исправено се ставаат една до друга во огноотпорен сад и секоја пиперка се покрива со исечени кругчиња од домат. На сето тоа се става вода за да се покрие содржината, се поклопува и се става во рерна да се пече 1 час.

МУСАКА СО СОИНИ ТРОШКИ И ОРИЗ

Потребно: 250-300гр. соини трошки, 150гр. свежи печурки (или од тегла), 150-200гр. ориз, 1 чаша павлака, 40-50гр. ладно цедено масло, 1 главица кромид, магдонос, 2 јајца, био-зачин, сол, бибер и други зачини по вкус.

Подготвување: маслото се загрева, се додава ситно исецканиот кромид, се пропржува и се додаваат очистените и тенко исечени на листови печурки. Сето тоа се динста додека не омекнат печурките, а потоа се додаваат соините трошки (предходно попарени во вода) заедно со зачините (сол, био-зачин, оригано, бибер, салца или кечап) па сето тоа заедно се пржи. Во тавата се става малку масло, се додаваат ред посолен и забиберен ориз, сојата и печурките, се посипуваат со исецканиот магдонос и се прекрива со останатиот ориз. Се пече 30 мин во рерна на 200Ц. Пред крај се прелива мусаката со јајцата матени во павлака и се допекува додека не се формира зацрвенета коричка.

ФРАНЦУСКА САЛАТА

Потребно: 1 шоља грашак, 1 шоља сецкан компир, 1 шоља сецкан морков, 1 шоља соини трошки, мајонез од соја, морска сол.

Подготвување: Посебно се вари грашокот, компирот и морковот. Соините трошки се потопуваат со врела вода, па се процедуваат. Се мешаат сите состојки, се додаваат солта и мајонезот и се меша.

КОХ ОД СОИНИ ТРОШКИ СО ТИКВА ИЛИ ЈАБОЛКА

Потребно: 500гр. тиква (или јаболка), 160гр. кафеав шеќер мусковадо, 150гр. разно овошје (по вкус), 100гр. соини трошки, 60гр. брашно од соја, 60гр. гриз, 1/2дл. млеко, 1дл. кисела павлака, 1 цимет, 1 ванила, 2 јајца, 2 кесички шлаг.

Подготвување: наренданата тиква (или јаболка) се мешаат со соиното брашно, гризот, соините трошки (предходно натопени во врела вода и исцедени) и 80гр. шеќер. На оваа маса се додава млекото, павлаката, изматените јајца (со другата половина од шеќерот), циметот и ванилата. Масата се става во калап за печење, предходно посипан со брашно и се пече на 200-250°Ц. Кога ќе се испече и олади се премачкува со шлаг и се украсува со овошјето.

ЌОФТИЊА ОД СОИНИ ТРОШКИ

Потребно: 250гр. соини трошки, 1 поголема главица кромид, околу 150гр. ладно млеко, 1-2 јајца, 100гр. кашкавал, бибер, био-зачин, сол, салца, кечап или тазе испасирани домати и масло.

Подготвување: предходно попарените и исцедени соини трошки се мешаат со исецканиот кромид, јајцата, изренданиот кашкавал и се додава бибер, био-зачин и сол. Се месат ќофтиња и се пржат во малку повисока тава. Откако ќе се испржат, се тргаат од оганот и се преливаат со кечапот, салцата или свежо испасираните домати. Покриени убаво се оставаат да крчкаат уште 20 мин.

Халал сертифициран производ
Нутритивни вредности 100 g/г
Енергетска вредност 1500kj
357kcal
Масти 1.5g
од кои заситени 0.1g
Јаглехидрати 30g
од кои шеќери 0g
Протеини 52g
Сол 0.004g

Дополнителни информации

Тежина 500 g

Нутритивни вредности

Не се доставни нутритивни вредности за овој продукт.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Виталиа Соја Вита соини трошки 500гр”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *