Виталиа SoVita Natural Соино млеко во прав 300гр

300 g
147,00 ден

Vitalia СоВита Натурал млеко од соја во прав.

Има на залиха

Опис

SoVita натурал е соино млеко во прав со одличен природен вкус

SoVita натурал е соино млеко во прав со одличен природен вкус. Соиното млеко е здрав производ кој лесно сварлив со висока нутритивна вредност. Произведено е од Генетски Немодифицирано соино зрно и е извор на протеини, витамини, минерали и бавносогорувачки јаглехидрати.Не содржи холестерол, лактоза и глутен. Лесно е за подготовка: 2 лажички SoVita соно млеко во прав растворете во 250 мл топла или млака вода и промешајте. За подготовка на ладен напиток употребете миксер за подобро мешање. Со 300 гр SoVita може да подготвите 2,5 литри напиток.

SoVita е 100% природен производ од растително потекло погоден за секојдневно консумирање, за сите возрасти, во сите пригоди вклучувајќи ги диетите. Употребете го како напиток, како додаток во кафе или во комбинација со традиционални мусли, кранчи мусли, гранола или за подготовка на милкшејк и десерти.

SoVita – соиното млеко не содржи лактоза, холестерол, глутен и заситени масти. Обилува со природни растителни естрогени значајни за регулирање на хормоналниот статус посебно кај жените. Докажано е дека со дневно консумирање на 60 гр. соино млеко се намалува ризикот од слабеење на коските дури за 45%. Тоа е посебно значајно за време на менопаузата кога ризикот од остеопороза е најголем. Со редовно пиење на соино млеко, топлотните бранови како и останатите симптоми кои се појавуваат во периодот на менопаузата значително се намалуваат.

Се препорачува како прехрамбен додаток и за лица со зголемена физичка активност, за спортисти, како и за лица со кардиоваскуларни заболувања.
Со соиното млеко во прав можете да подготвите многу вкусни напивки, пудинзи, супи или сосови на ист начин како и со кравјкото млеко.

Не се препорачува како замена за кравјото млеко до 3 годишна возраст, само соиното млеко збогатено со витамини може да го користат деца над една година.

Халал сертифициран производ
Производот е погоден за лакто-вегетеријанци
Нутритивни вредности Per serve Per 100g
Енергетска вредност 643kJ
153kcal 257.2kJ
61kcal
Масти 8.2g 2.6g
од кои заситени 1.5g 0.6g
Јаглехидрати 19g 7.6g
од кои шеќери 2.9g 1.2g
Протеини 1g 0.4g
Сол 0.16g 0.07g

Дополнителни информации

Тежина 300 g
Suppliers za lot expiry

Нутритивни вредности

Не се доставни нутритивни вредности за овој продукт.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Виталиа SoVita Natural Соино млеко во прав 300гр”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *