Виталиа Tropical мусли 750гр

750 g
154 ден

Vitalia Тропикал мусли.

Има на залиха

Категорија: ,
Шифра: ZMA13702

Опис

Тропикал муслите претставуваат добро избалансирана здрава храна со извонреден вкус и арома. Произведени според оригинален рецепт од квалитетно овошје и житни снегулки. Тропикал муслите ги спојуваат плодовите на сонцето. Претставуваат оригинална мешавина на жита (овесни, р’жени и пченични), 35% егзотично тропско овошје: ананас, папаја, манго, урма, банана, кокос и суво грозје кои ви даваат тропска топлина секое ваше утро и 5% семки од лен и сончоглед.

За нашите потрошувачи го одбравме најквалитетното тропско овошје од еколошките предели на Тајван кој го надополнуваат оброкот со природни витамини и минерали, дозволувајќи ви за миг да ги почувствувате тропските предели на Далечниот Исток.

Ананасот содржи: калциум, провитамин А, витамин Е и Ц, витамини од групата Б (биотин), растителни влакна.
Папајата содржи: Витамини: А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, минерали: калциум, калиум.
Мангото е богато со аминокиселини витамини Ц и Е, флавоноиди, бета каротен.
Урмите содржат: Калциум, фосфор- ја регулираат и стимулираат работата на цревата преку 10 гр диететски влакна кои ги содржи.
Бананата содржи: Б6, магнезиум, железо, калиум, Ц витамин.
Кокосот е богат со диетални влакна, има низок гликемиски индекс, извор на калциум и магнезиум, тиамин, и витамин Б6.
Грозјето изобилува со растителни влакна, калциум и железо.
Мешавината од семиња од лен и сончоглед природно е богата со диетални влакна, железо, витамин Б1, калциум, магнезиум и фосфор.
Тропикал муслите се лесен и брз оброк, немаат додаток на шеќер и се погодни за диети и постење. Претставуваат хранлив здрав оброк за деца, спортисти и ученици.

Создадете здрава навика денот да ви започне со оброк од мусли (комбинација на житни снегулки, овошје и семиња) кои потопени во млеко ќе ви обезбедат здрав и лесен оброк полн со енергија.

Употреба: Подготовката е лесна и брза, 4 лажици од муслите (55г) се потопуваат во 200 мл. млеко или јогурт и се оставаат да отстојат 10 мин.

Калориска вредност: Eдна порција од 40гр Тропикал мусли содржи 149Ккал.

Тропикал муслите се во пакување од 750г.

Халал и Кошер сертифициран производ
Производот е погоден за вегани
Нутритивни вредности 100 g/г
Енергетска вредност 1570kJ
374kcal
Масти 9.5g
од кои заситени 3.3g
Мононезаситени 2g
Полинезаситени 3g
Јаглехидрати 63.0g
од кои шеќери 18.9g
Полиоли 0g
Скроб 12g
Влакна 8.1g
Протеини 9.0g
Сол 0.5g

Дополнителни информации

Тежина 750 g

Нутритивни вредности

Не се доставни нутритивни вредности за овој продукт.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Виталиа Tropical мусли 750гр”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *