Проја мафини

30-60 минути | 12 мафини Сигурно секој од нас пробал или подготвил проја, па знаеме колку лесно и брзо се прави. За вашиот есенски пикник може да подготвите проја мафини, кои совршено се комбинираат со многу солени работи. [row style=”divided”] [col span=”1/3″ ] Потребни состојки: 2 јајца ½ шоља пченкарно брашно ½ шоља пченично брашно ½ […]

30-60 минути | 12 мафини

Сигурно секој од нас пробал или подготвил проја, па знаеме колку лесно и брзо се прави. За вашиот есенски пикник може да подготвите проја мафини, кои совршено се комбинираат со многу солени работи.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Потребни состојки:

2 јајца
½ шоља пченкарно брашно
½ шоља пченично брашно
½ шоља масло
½ шоља млеко
1 лажичка прашок за пециво
100гр сирење, иситнето на мали парченца
Малку сол
Малку сусам
Калап за мафини

[/col]

[col span=”2/3″ ]

Начин на подготовка:

  1. Изматете ги јајцата а потоа додадете го маслото, млекото, пецивото и брашното.
  2. Мешајте ја смесата се додека не се соединат состојките. Додадете сол по вкус.
  3. Додадете го сирењето.
  4. Истурете ја смесата во калапот за мафини. Внимавајте да не ги преполните калапите, бидејќи им треба простор за да нараснат при печење.
  5. Наросете со сусам.
  6. Печете на 200⁰C околу 39 минути, сѐ додека мафините не добијат убава жолта боја.

Од оваа смеса ќе добиете 12 мафини. Постојат многу варијации, па доколку сакате да експериментирате може да додадете семки од тиква, сончоглед, мак, маслинки, печурки, спанаќ, блитва и слично. Мафините одлично ќе се вклопат во вашиот пикник, па уживајте.

[/col][/row]

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш на Paket.mk:

Вашата кошничка е празна.