Пролетна туна салата

20 мин. | околу 250 ден. | за 4 лица Оваа салата со туна, пченка и тестенини е одличен брз, а здрав пролетен оброк. Исто вкусна и ако ја приготвите однапред – слободно може да ве придружува на работа. За оние кои постат: Едноставно исклучете го мајонезот. [row style=”divided”] [col span=”1/3″ ] Состојки 150г макарони […]

20 мин. | околу 250 ден. | за 4 лица

Оваа салата со туна, пченка и тестенини е одличен брз, а здрав пролетен оброк. Исто вкусна и ако ја приготвите однапред – слободно може да ве придружува на работа. За оние кои постат: Едноставно исклучете го мајонезот.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки

150г макарони
Половина марула
1 исцедена конзерва туна
8 шери домати – на четвртинки
4 млади кромидчиња – убаво исецкани
150г пченка

За прелив:
2 супени лажици мајонез
1 кафена лажичка оцет
1 супена лажица вода
Сол и бибер по вкус

[/col]
[col span=”2/3″ ]

Подготовка

  1. Згответе ги макароните според инструкциите на паковањето и исцедете.
  2. Исецкајте ја марулата и ставете ја во чиниите за салата.
  3. Ставете ги сите состојки за преливот во сад и измешајте убаво.
  4. Додатете ги макароните, туната, доматите, кромидот и пченката во садот, истурете го преливот и измешајте убаво.
  5. Уживајте!
    [/col][/row]

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавите од Paket.mk

Продолжи на Paket.mk

Вашата кошничка е празна.