Сос од свежи домати

Ако и ти си еден од оние што едноставно не можат да одолеат на мирисот на домати, без разлика во која форма се, подготви се за ова. Што можам да припремам од свежи домати? Во сезоната на најзрелите (и највкусни) домати, ти пренесуваме супер лесен и брз рецепт за сос од свежи домати. Наша препорака: […]

Ако и ти си еден од оние што едноставно не можат да одолеат на мирисот на домати, без разлика во која форма се, подготви се за ова.

Што можам да припремам од свежи домати?

Во сезоната на најзрелите (и највкусни) домати, ти пренесуваме супер лесен и брз рецепт за сос од свежи домати. Наша препорака: влези во целосен филм на првокласен шеф и забавувај се затоа што сепак тоа е и целта на готвењето.

Прво нешто што треба да направиш е да ги обезбедиш потребните намирници. Кога ти е потребен свеж зеленчук за готвење, секогаш треба да бидеш сигурен за квалитетот на истиот. Не треба да спомнеме дека свежите и квалитетни домати ќе создадат многу повкусен сос отколку оние што се целосна спротивност на ова.

Што е она што освен доматите го прави секој доматен сос неодоливо вкусен? Лукот се разбира. На ова додади босилек и маслиново масло и одеднаш твојата кујна ќе се претвори во Мала Италија.

Но, да не дозволиме нашето нетрпение да не натера да ги скокнеме чекорите. Трпение, спасение.

Што ми е потребно?

Потребни состојки:

Како да го подготвам?

Чекор 1

Исечи ги доматите на половина хоризонтално. Извади ги семките. Притисни ја исечената страна на доматот врз големите дупки на рендето и изрендај ја внатрешноста од доматите во сад. Отстрани ги лушпите. Треба да добиеш нешто помалку од 500 грама.

Чекор 2

Стави ја содржината од доматите во широко тенџере на рингла на висока температура. Додади сол, маслиново масло, доматно пире, лук, босилек и ловоров лист. Остави да зоврие, па намали ја температурата за да се динста.

Чекор 3

Количината на сосот треба да се намали за половина. Повремено мешај 10-15 минути за да добиеш околу 300 – 350 грама сос. Пробај и прилагоди ја солта според вкус. Вака направениот сос може да се чува во фрижидер до 5 дена или пак може да се замрзне.

Со што можам да го искомбинирам?

Откако ќе го приготвиш сосот, останува ред на сервирањето и дегустацијата. Па, повеќе си за паста или пилешки крилца? Или можеби пак за крцкави печени компирчиња, или хот-дог…мммммм

За едно сме сигурни, со овој рецепт, било кој избор на храна е добитна комбинација.

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk

Вашата кошничка е празна.