Страшно добри коктели за Ноќта на вештерките

Последната ноќ од октомври е позната како Ноќта на вештерките и се празнува во многу земји ширум светот каде што луѓето се маскираат во интересни, најчесто страшни костими. Овој пат, ние ги маскиравме најдобрите пијалаци во страшно добри коктели инспирирани од Ноќта на вештерките. Berry Monster Smash Bulleit Bourbon 45млСода 45мл1 лажичка шеќерСвежо цеден лимон […]

Последната ноќ од октомври е позната како Ноќта на вештерките и се празнува во многу земји ширум светот каде што луѓето се маскираат во интересни, најчесто страшни костими. Овој пат, ние ги маскиравме најдобрите пијалаци во страшно добри коктели инспирирани од Ноќта на вештерките.

Berry Monster Smash

Bulleit Bourbon 45мл
Сода 45мл
1 лажичка шеќер
Свежо цеден лимон 15мл
Малини и свежо нане
Декорација: парче црвен цитрон и вампирски заби

Ставете ги малините, нането и шеќерот во шејкер и изгмечете ги со толчник.
Додадете мраз, сокот од лимон, Bulleit Bourbon и шејкајте.
Ставете го коктелот во висока чаша и дополнете со содата.
Декорирајте.

White Widow Martini

Baileys Original 45мл
Чоколаден прелив (оладен)
Smirnoff 10мл
Ладно еспресо 10мл

Со чоколадниот прелив направете декорација во мартини чаша што ќе наликува на пајакова мрежа и оладете ја во фрижидер.
Во шејкер додадете Baileys, Smirnoff, еспресо и мраз и шејкајте.
Истурете во декорираната чашата и уживајте!

Pumpkin Frizz

Captain Morgan Spiced 45мл
Ginger Ale 120мл
Декорација: портокалова прехрамбена боја (по желба), парче портокал и кора од лимета. 

Во чаша со мраз додадете ги румот, Ginger Ale и прехрамбената боја.
Декорирајте со парчето портокал и кората од лимета.

Evil Margarita

Don Julio Blanco 45мл
Свеж сок од лимета 25мл
Агаве сируп 15мл
Декорација: Врвови од чили пиперчиња

Шејкајте ги Don Julio текилата, сокот од лимета и агаве сирупот со мраз и додадете ги во чаша за маргарита.
Врвовите од чили пиперчињата ставете ги на спротивните страни од работ од чашата за да изгледаат како рогови.

Witch’s Penicillin

Johnnie Walker Black Label 45мл
Сируп од мед и ѓумбир 25мл
Сок од свеж лимон 25мл
Декорација: Сув мраз и кандиран ѓумбир 

Шејкајте ги Johnnie Walker, сирупот од мед и ѓумбир и сокот од свеж лимон со мраз и процедете во ниска чаша полна со мраз.
Внимателно додадете го сувиот мраз во чашата и декорирајте со кандираниот ѓумбир.

Spooky Soda

Smirnoff 45мл
Сок од свежа лимета 25мл
Однапред подготвен плав желатин со парчиња малини во него 60мл
Сода 90мл
Декорација: малини и зелена прехрамбена боја во желба

Со вилушка изгемечете го желатинот, ставете го во чаша (или дозерка) со мраз и во него додадете Smirnoff и сок од лимета.
Промешајте и дополнете со сода. По желба ставете зелена прехрабена боја и декорирајте со свежи малини. 

Glowing Tonic

Tanqueray Gin 45мл
Тоник 120мл
Сок од свежа лимета 15мл
Декорација: Флуросцентно стапче или цевка

Во копа чаша наполнета со мраз ставете ги џинот, тоникот и сокот од лимета.
Промешајте и декорирајте со флуросцентно стапче или цевка.

Вашата кошничка е празна.