Свежо гвакамоле за 10 минути

10 мин | 4 лица Дали знаете дека авокадото потекнува од Централно Мексико, каде што и Ацтеките за првпат направиле гвакамоле, бидејќи сфатиле дека е превкусно, а во исто време полно со јаглехидрати и здрави масти. Совршено се вклопува во тостови, бургери, начос, бурито и што уште не. Екстра свежо и здраво, оригинално мексиканско гвакамоле, […]

10 мин | 4 лица

Дали знаете дека авокадото потекнува од Централно Мексико, каде што и Ацтеките за првпат направиле гвакамоле, бидејќи сфатиле дека е превкусно, а во исто време полно со јаглехидрати и здрави масти.

Совршено се вклопува во тостови, бургери, начос, бурито и што уште не.

Екстра свежо и здраво, оригинално мексиканско гвакамоле, готово за 10 минути.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки

2 зрели авокада
1/2 ситно исечкан домат
1 супена лажица цеден сок од лимон

1/2 ситно исечкан црвен кромид
1 ситно исечкан млад кромид
1 ситно исечкана свежа чили пиперка
1 супена лажица маслиново масло
1/2 кафена лажица сол
малку свежо мелен бибер

[/col]
[col span=”2/3″ ]

Подготовка

  1. Исечете го авокадото на половина. Извадете ја семката. Со тап нож исечете ја внатрешноста на парчиња без да ја сечете кората. Со лажица извадете ја внатрешноста, тенко до кората. Ставете ја во длабок сад.
  2. Грубо испасирајте го авокадото со вилушка. (Не го пасирајте многу фино, во гвакамолето треба да се приметуваат парчиња авокадо.)
  3. Додадете сол, лимон и масло. Лимонот ќе го избалансира вкусот и ќе го одржува гвакамолето подолго време свежо. Додадете го и ситно исечениот црвен и млад кромид, доматот, биберот и чили пиперчето. Чили пиперките варираат по лутината, така што прво додадете половина пиперка и постепено додавајте го остатокот по вкус. Фино измешајте ја содржината.
  4. Убаво затворете го гвакаколето (за да превенирате оксидација) и чувајте го во фрижидер.[/col][/row]
  5. Запомнете – гвакамоле никогаш не излегува од мода!

 

Илустрација како да го излупите авокадото:

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш на Paket.mk:

Вашата кошничка е празна.