Тавче гравче со колбаси

Гравот отсекогаш бил, и ќе биде значаен и неизоставен дел од македонската традиционална трпеза. Некои го подготвуваат како чорба, но многумина обожаваат токму тавче гравче, кое во комбинација со колбаси, е прсти да излижеш. Рецептот е едноставен, но многу вкусен. Потребни состојки: 300гр бел грав 400гр колбас 1 главица кромид 1 морков 2 чешниња лук […]

Гравот отсекогаш бил, и ќе биде значаен и неизоставен дел од македонската традиционална трпеза. Некои го подготвуваат како чорба, но многумина обожаваат токму тавче гравче, кое во комбинација со колбаси, е прсти да излижеш.

Рецептот е едноставен, но многу вкусен.

Потребни состојки:

  • 300гр бел грав
  • 400гр колбас
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 2 чешниња лук
  • 1 свежа везена пиперка
  • 1 лажичка мешан зачин (бибер, оригано и свеж магдонос)
  • 1 лажичка буковец
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 2-3 лажици зејтин

Начин на подготовка:

  1. Покиснете го гравчето во мала количина вода и така нека стои цела ноќ за наредниот ден да биде спремно за подготовка.
  2. Варете го гравчето заедно со кромидот, морковот и везената пиперка, на тивок оган се додека не омекнат зрната.
  3. Откако ќе се свари, претурете го гравот во земјен сад.
  4. Испасирајте ги кромидот и морковот, и додадете ситно исецкан лук, мешан зачин, оригано, бибер и буковец.
  5. Во тавче пропржете го брашното, додате зејтин и црвен пипер и мешајте. Доколку не сакате да го запржувате гравчето, тогаш доволно е испасираните намирници, заедно со зачините да ги додадете во гравот.
  6. Додадете вода во гравчето доколку има потреба.
  7. Ставете ги колбасите врз гравот.
  8. Печете на 200⁰C околу 30тина минути, или додека не изврие дел од водата.
  9. Послужете и уживајте! На здравје!   

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk

Вашата кошничка е празна.