Тиква – Царица на есента

Сигурно многумина од вас есента секогаш ја поврзуваат со тиквата. Нејзиниот изглед, мирис и вкус во повеќето домаќинства е специфичен токму за овој период од годината. Но, колку и да ни е достапна и колку и да сме навикнати на оној добро познат вкус на печена тиква во кујна, што друго може да се подготви […]

Сигурно многумина од вас есента секогаш ја поврзуваат со тиквата. Нејзиниот изглед, мирис и вкус во повеќето домаќинства е специфичен токму за овој период од годината. Но, колку и да ни е достапна и колку и да сме навикнати на оној добро познат вкус на печена тиква во кујна, што друго може да се подготви со неа?

Ние ќе ти дадеме неколку предлози како максимално да ја искористиш тиквата оваа сезона, како да го разубавиш својот дом со помош на неа и како да го збогатиш твоето кулинарско портфолио.

Киноа салата со печена тиква

Фан си на киноа? А кој не е, така? 🙂 Овој рецепт е екстра брз, мноооогу вкусен и егзотичен и одличен избор за мезе или прилог на маса кога се собирате со друштво или фамилија.

Состојки:

За печена тиква

  • 1/4 средна кент тиква, или тиква по избор (околу 400 грама сечкана тиква)
  • 1 црвен кромид, исечен на мали коцки
  • 1 лажиче мелен коријандер
  • 1 лажиче семе од анасон
  • 1/2 лажиче мелен ким
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажички јаворов сируп

За салата:

  • 80-100 грама киноа
  • 1 полна рака нане
  • 1 грст коријандер
  • 1/2 лажица маслиново масло
  • 1/2 лимон исцеден
  • 1 лажиче сумак

Додаток

  • 2 лажици семки од калинка
  • 1 лажица семки од тиква
  • 1 лажица суви печени лешници, грубо исечканиSS

Подготовка:

  • Загреј ја рерната на 220 степени Целзиусови. Исечи ја тиквата на поголеми парчиња и стави ја во тава за печење со кромид. Додади ги преостанатите состојки. Сето ова постави го во еден слој и печи го 25 минути или додека не е готово. Времето за готвење ќе варира во зависност од големината на парчињата тиква.
  • Откако ќе се зготват тргни ги и остави ги на страна. Изми ја киноата и додади ја во мало тенџере со 100ml вода. Покриј и остави да зоврие. Откако ќе зоврие, намали го огнот на што е можно потивко и остави да се вари 10 минути. Откако ќе се свари, извади ја од тенџерето и додади ја во голем сад. Тргни ја на страна и остави малку да се излади.
  • Нането и коријандерот ситно исецкани додади ги во киноата заедно со маслиново масло, сок од лимон, сумак и сол и бибер. Додади ја тиквата и нежно измешај. Додади во чинија за сервирање. Украси со семки од тиква, калинки и лешници. Послужи.
Извор: www.littlebigh.com

Алфредо равиоли со тиква

Си споил некогаш тиква со равиоли? Никогаш ни во најлуди соништа, така? Овој наш рецепт ќе ја направи италијанската вечер во твојот дом едно ново искуство и откритие. Подготви се за ова 🙂

Состојки:

  • 1 пакетче равиоли со сирење
  • 3 лажици брашно
  • 80-100 грама пилешка супа
  • 100 грама млеко
  • 2 лажици путер
  • 3 чешниња лук, сецкани
  • 70 грама рендан пармезан
  • 70 грама пире од тиква
  • 30 грама сецкан свеж магдонос
  • 1 лажица мелена желфија
  • Свежо рендано морско оревче
  • 30 грама сецкани ореви

Инструкции:

  • Во големо тенџере додади вода да зоврие и вари ги равиолите според упатствата на пакувањето. Исцеди.
  • Во меѓувреме, во голем сад измешај брашно, пилешка супа и млеко.
  • Во голема тава, растопи го путерот. Додади лук и готви додека не замириса, 30-60 секунди. Во мешавината додади млеко, пармезан, пире од тиква, магдонос, жалфија и морско оревче. Готви со отворено тенџере, повремено мешајќи, додека не се згусне, околу 10-15 минути.
  • Измешај ги равиолите во сосот. Послужи со наросени ореви на врвот.
Извор: www.tasteandtellblog.com

Помфрит од тиква

Никој од нас не е имун на помфрит, кој вели дека е – лаже! Но што ако ти кажеме дека ја најдовме совршената здрава замена за пржените компири? И тоа се супер мезе за со вино, пиво или додаток на даската со сирења.

Состојки:

  • 1 мала тиква
  • 2 лажички пченкарно брашно
  • 2 лажички маслиново масло
  • 1 лажичка алева пиперка
  • 1 лажичка лук во прав
  • 3 лажици рендан пармезан
  • 30 грама сецкан свеж магдонос
  • 1/2 лажичка едра морска сол

Постапка:

  • Со остар нож, исечи ја тиквата на половина. Извади ги семето и пулпата (сочувај ги семките за печење).
  • Исечи ги двата краја на секоја половина од тиквата. Потоа повторно исечи ја секоја половина на уште една половина. Користејќи остар нож за лупење зеленчук, излупи ги парчињата тиква. Потоа исечи ги излупените парчиња на помфрит 3.5 cm
  • Стави го помфрит од тиква во голем сад и полиј со ладна вода. Остави го помфритот да впие најмалку 30 минути, но по можност преку ноќ.
  • Кога тиквата доволно ќе се натопи, загреј ја рерната на 425 °. Обложи две или повеќе листови хартија за печење. Стави ги на страна.
  • Исцеди го помфритот, а потоа исуши го со хартија. Наполни голема пластична кеса со зип патент со суви помфрит тиквички, а потоа наполни со пченкарно брашно. Затвори ја кесата и протреси за да се покрие помфритот.
  • Стави го помфритот во голем сад, посипи со маслиново масло, а потоа измешај го со раце. Нароси со пиперка и лук во прав и повторно измешај додека не се добро покриени. Распореди го помфрит во еден слој на подготвените листови за печење.
  • Печи во загреана рерна 10-15 минути, превртувајќи еднаш на половина од времето потребно за печење, додека помфритот не стане крцкав и златно кафеав.
  • Додека помфритот се пече, измешај пармезан, магдонос и морска сол. Штом ќе го извадиш помфритот од рерната, посипи со смесата од пармезан за да се залепи и стопи.
Извор: www.wholefully.com

Цветен аранжман со тиква

А кога ќе направиш некој од овие вкусни рецепти, повикај ги најблиските на ручек или вечера. Во духот на темата искористи некоја од останатите тикви во декорација што ќе ги донесе вистинските есенски вибрации во домот. Еве како да го направиш ова.

Потребни материјали:

  • 3 помали тикви, секоја со различна висина
  • 1 голема лажица
  • Голем нож
  • Даска за сечење
  • Есенски цвеќиња по твој избор

Инструкции:

  • На даска за сечење, исечете го горниот дел од тиквата со нож . Со лажица направете прстен околу внатрешноста на тиквата, оставајќи раб со дебелина од 1 cm. околу надворешноста на тиквата.
  • Користејќи ја лажицата, издлаби ја тиквата додека не стигнеш до семето на дното. Преврти ја тиквата наопаку. Потчукнувај ја тиквата додека е свртена на даската за сечење, додека не паднат сите семки. Повтори сѐ додека не е целосно издлабена. Семките чувај ги за друга прилика.
  • Постави ја секоја вазна од тиква исправена за да бидеш сигурен дека стои самостојно. Ако дното на тиквата не е рамно, искористи го ножот за да го израмниш.
  • Пополни ја издлабената тиква со аранжман на есенски цвеќиња.
Извор: www.hgtv.com

Се надеваме дека те инспириравме за уживање во есента на еден поинаков начин. Испробај некој од рецептите или пак освежи го домот за нашиот предлог за декорација и пиши ни за резултатот.

Вашата кошничка е празна.