Традиционален мексикански такос

20 минути | 4 лица Кое е првото нешто кое што ви паѓа на ум кога ќе се спомне мексиканска храна? Маријачи, сомбреро, такос и што уште не. Доколку не можете да отидете во Мексико, донесете го Мексико во вашиот дом. [row style=”divided”] [col span=”1/3″ ] Потребни состојки: 500гр јунешко месо 1 лажица чили 1 лажичка […]

20 минути | 4 лица

Кое е првото нешто кое што ви паѓа на ум кога ќе се спомне мексиканска храна? Маријачи, сомбреро, такос и што уште не.

Доколку не можете да отидете во Мексико, донесете го Мексико во вашиот дом.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Потребни состојки:

500гр јунешко месо
1 лажица чили
1 лажичка кумин
½ лажичка лук во прав
¼ лажичка бибер
½ шоља доматен сос
¼ шоља вода
12 мали тортиљи или 6 големи

Традиционален тако топинг по желба:

рендан кашкавал
ситно исецкана марула
исецкани домати
ситно исецкан црвен кромид
кисела павлака
авокадо

[/col]

[col span=”2/3″ ]

Начин на подготовка:

  1. Ставете го месото во голема тава на среднао висока температура. Иситнете го со дрвена лажица,а потоа додадете чили зачин, кумин, сол, оригано, лук во прав и бибер. Добро измешајте. Гответе додека не биде готово, околу 6-8 минути и мешајте повремено.
  2. Намалете ја топлината на средна. Додадете го доматниот сос и водата. Промешајте. Гответе 7-8 минути, мешајќи повремено, се додека течноста делумно не испари но смесата е уште густа, како сос.
  3. Стоплете ги ториљите како што е наведено во нивното упатство.
  4. Наполнете ги тортиљите со две лажици од месото. Додадете топинг по желба.

Provecho! – што би рекле мексиканците.

[/col][/row]

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш на Paket.mk:

Вашата кошничка е празна.