Tropical Fizz коктел

10 мин. | 200 ден. | 2 лица Сѐ уште немаме тропски горештини, ама тоа не нѐ спречува да го препорачаме овој коктел што сигурно ќе ве опушти и потсети на лето. Подготовката е едноставна, а уживањето загарантирано. Ако сте на работа или не сте фан на алкохол, само исклучете го румот од рецептот. [row […]

10 мин. | 200 ден. | 2 лица

Сѐ уште немаме тропски горештини, ама тоа не нѐ спречува да го препорачаме овој коктел што сигурно ќе ве опушти и потсети на лето. Подготовката е едноставна, а уживањето загарантирано. Ако сте на работа или не сте фан на алкохол, само исклучете го румот од рецептот.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки

2 шољи (330 гр) манго, исечкано на коцки
½ шоља (75 гр) јагоди, исечкани
½ шоља (120 мл) сок од портокал
1 лимета, исцедена
50 мл бел рум Havana
1 ½ шоља (370 мл) газирана вода
Коцки лед

[/col]
[col span=”2/3″ ]

Подготовка

  1. Блендирај го сокот од портокал, мангото, јагодите и сокот од лимета додека не добиеш хомогена смеса.
  2. Исклучи го блендерот и додај ја минералната вода.
  3. Додај го румот. Измешај со лажица.
  4. Во чашата стави го ледот и истури го коктелот.
  5. На здравје!

[/col][/row]

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавите од Paket.mk

Продолжи на Paket.mk

Вашата кошничка е празна.