Зошто Манука медот е посебен

Манука медот потекнува од Австралија и Нов Зеланд. Пчелите работнички го создаваат со собирање на нектарот од цветовите од Манука дрвото, кое е специфично и успева само во тешко достапните предели на Австралија и Нов Зеланд. Ова дрво цвета само 2-6 недели годишно. Овој мед е најмногу познат поради силното антивоспалително дејство кое помага при […]

Манука медот потекнува од Австралија и Нов Зеланд. Пчелите работнички го создаваат со собирање на нектарот од цветовите од Манука дрвото, кое е специфично и успева само во тешко достапните предели на Австралија и Нов Зеланд. Ова дрво цвета само 2-6 недели годишно. Овој мед е најмногу познат поради силното антивоспалително дејство кое помага при лекување на бактерии отпорни на антибиотици. Манука медот исто така се употребува и за заздравување на рани и сјајна кожа, инфекции, дигестивни проблеми, јакнење на имунитетот и зголемување на енергијата.

Пчелите го собираат нектарот кога времето е убаво. Високите температури се клучни за собирање на нектарот, а ветерот или дождот може да ги спречи пчелите во собирањето, па поради тоа временските услови се многу значајни во овие 2-4 недели кога цвета дрвото Манука.

Пчелите работничките трагаат по нектарот од Манука цветовите за да направат мед. Поленот исто така се собира како извор на храна, но се чува оделно од нектарот. Пчелите работнички го собираат нектарот и по враќањето во кошницата им го предаваат на помладите пчели. Со ова започнува процесот на преместување на нектарот во клетките на  саќето. Нектарот е околу 70% вода, која што мора да испари до 20% или помалку за да се се претвори нектарот во мед.  Нектарот е претежно сахароза кој се разложува од ензимите на пчелите на глукоза и фруктоза.

Пчелите предизвикуваат испарување на влагата од медот со брзо движење на крилцата, потпомогнати од високата температура во кошницата, околу 35°C. Откако медот ќе се исуши, пчелите произведуваат восок и ги затвараат ќелиите со цел да се спречи повторно апсорбирање на влагата, а истовремено заштитувајќи го од мувла и спречувајќи фермантација.

Групиран по областа на берба, медот се мери и обележува. Секоја кутија со мед има ознака RF која што ги содржи GPS координатите на локацијата каде што е произведен медот. Кутиите се чуваат во таканаречена ,,топла соба” која ја симулира внатрешната температура на кошницата.

Како гаранција за уникатните состојки на Манука медот, при купување барајте ги ознаките NPA (non-peroxide antibacterial activity) и UMF (Unique Manuka Factor). UMF ознаката ни ја претставува количината на активни состојки присутни во медот.

UMF и MGO се стандардизирани индикатори за концентрацијата на некои од биоактивните хемиски соединенија кои го прават Манука медот толку уникатен.

Haddrell’s Manuka Honey сега достапен и на Paket.mk. Клик за нарачка.

Вашата кошничка е празна.